Main Info
✈ Летови:
10.11. Тирана 16:05h – 18:30h Франкфурт
11.11. Франкфурт 22:15h – 06:00 Рио де Жанеиро (GIG)
18.11. Рио де Жанеиро (GIG) 08:05h – 11:30h Буенос Аирес (AEP)
21.11. Буенос Аирес (EZE) 17:45h – 11:00h Франкфурт
22.11. Франкфурт 13:00h – 15:10h Тирана
➡️ Поаѓање е од Скопје со организиран превоз до Тирана.
🏨 Сместување (по избор):
- Сместување во хотели во Рио де Жанеиро:
- • Windsor Copa Hotel 3* со појадок (300м од плажата Копакабана)
- • Rio Othon Palace 5* (на плажата Копакабана) со доплата од 300€
- Сместување во Буенос Аирес:
- • Carsson Hotel Downtown 4* во центар со појадок
📅 Програма по денови

11.11. Добредојдовте во Рио де Жанеиро!
По пристигнувањето во овој прекрасен град во раните утрински часови, следува трансфер до хотел и check-in.
Овој ден е резервиран за слободни активности и индивидуално истражување на Рио.
Предлози за посета:
• Museu do Amanhã – футуристички музеј
• Пазарот Uruguayana – идеален за сувенири
• Ботаничка градина и Parque Lage
• Навечер можност за излегување во Лапа или Леблон

12.11. Рио де Жанеиро – Sugarloaf Mountain
По појадокот, слободно време на познатите плажи во Рио.
Во попладневните часови околу 16:30h заминување кон Sugarloaf Mountain (Глава на шеќерот) и уживање во спектакуларно зајдисонце со панорамски поглед на Рио.

13.11. Го истражуваме срцето на Рио
Посета на:
• Христос Спасителот – Corcovado
• Видиковец Dona Marta
• Уметничкиот кварт Santa Teresa
• Скалите Selaron
• Катедралата во Рио
• Олимпискиот мурал „Etnias“
• Real Gabinete Português de Leitura

14.11. Хеликоптерски лет и Маракана
Можност за панорамски лет со хеликоптер над Рио (околу 180€).
Попладне посета на стадионот Маракана и музејот на фудбалот.

15.11. PETROPOLIS
Целодневен излет во Петрополис – царскиот град на Бразил.
Посета на:
• Kitandinha
• Империјален музеј
• Катедрала Св. Петар
• Пивара Imperial
• Чоколатерија
(Ручек вклучен без пијалоци)

16.11. Favela Rocinha
Посета на најголемата фавела во Јужна Америка со локален водич.
Информативна и едукативна тура за животот во фавелите.

17.11. Панорамски лет со хеликоптер
Незаборавно искуство над Копакабана, Ипанема, Христос Спасителот и Sugarloaf Mountain.

18.11. Рио де Жанеиро – Буенос Аирес
Лет за Буенос Аирес.
Организиран разглед на градот со лиценциран водич:
• Plaza de Mayo
• Casa Rosada
• San Telmo
• La Boca и Caminito
• Recoleta
• Puerto Madero

19.11. Посета на Gaucho Farm
Автентично аргентинско искуство:
• Јавање коњи
• Традиција на гаучоси
• Фолклор, музика и танц
• Локална храна

20.11.
Опција А – Слободен ден во Буенос Аирес

или
Опција Б – Посета на Монтевидео, Уругвај

21.11. Враќање дома
По појадокот следува check-out и трансфер до аеродром.
По слетувањето во Тирана, организиран превоз до Скопје.
✅ Во цената е вклучено:
• Организиран превоз Скопје – Тирана – Скопје
• Трансфери аеродром – хотел – аеродром
• Повратни авионски карти со такси
• Куфер 23kg
• Хотелско сместување
• Водич на наш јазик
• Организација на патувањето
❌ Во цената не е вклучено:
• Факултативни излети и влезници
• Индивидуални трошоци
• Локални хотелски такси
• Патничко и здравствено осигурување (2€ на ден)
🔵 ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
• Аранжманот се реализира со минимум 30 патници
• Секој патник е должен да се запознае со програмата и условите на патување
• Забрането е пушење и несоодветно однесување во превозните средства
• Распоредот на седишта го одредува агенцијата
• Со уплата, патникот ги прифаќа сите услови на патување
• Во случај на недоволен број патници, агенцијата има право на отказ во законски рок
⚠️ ВАЖНО: Патните документи мора да важат најмалку 6 месеци по датумот на враќање.
За вас подготвивме програма со најатрактивни излети и најповолни цени, со услуги на врвен локален лиценциран водич на македонски/српски јазик.
ℹ️ Цените на факултативните излети може да варираат ±10 €, во зависност од бројот на пријавени патници.
💶