Main Info
✈ Летови со Wizz Air:
11.07.2026 Скопје – Рим 19:20h – 21:05h
14.07.2026 Рим – Скопје 18:35h – 20:20h
🏨 Сместување во еден од хотелите од познатиот синџир Raeli Hotels. Синџирот Raeli Hotels во Рим (официјално “Gruppo Alberghiero Raeli”) опфаќа вкупно осум хотели — пет со 3* и три со 4* — сите се наоѓаат еден до друг и се сместени во близина на главната железничка станица Termini, во непосредна близина на самиот центар на градот, што ги прави идеална почетна точка за туристите.
💶 Цена на аранжманот:
349€ на база ноќевање
379€ со појадок

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
11.07. СКОПЈЕ – РИМ
Директен лет Скопје – Рим. По слетувањето следува трансфер до хотелот и check-in на патниците.
Поради подоцнежното пристигнување, остатокот од денот е предвиден за слободни активности, индивидуални прошетки и уживање во вечерниот амбиент на Рим.
12.07. ПОСЕТА НА ВАТИКАН
Појадок во хотел.
Вториот ден е предвиден за посета на Vatican City со придружба од водич. Ватикан е најмалата независна држава во светот, но истовремено и духовен центар на Римокатоличката црква, седиште на папата и дом на некои од највредните уметнички дела на човештвото.
Посетата на Ватикан е уникатно искуство кое ги спојува историјата, уметноста и религијата. Разгледот на Ватикан ве води низ векови историја, духовност и архитектонска величественост.
Vatican Museums содржат една од најзначајните уметнички колекции во светот, со дела од Michelangelo, Raphael, Caravaggio и многу други познати уметници.
💶 Цена на излетот за Vatican City: 60€ по лице
(цената може минимално да варира во зависност од бројот на пријавени патници)

13.07. АНТИЧКИ РИМ (наутро) / ИЗЛЕТ ВО ТРАСТЕВЕРЕ (попладне)
Третиот ден започнува со разглед на антички Рим. Ќе ги посетиме Colosseum, Roman Forum и Palatine Hill.
Во цената на излетот се вклучени влезници, како и услугите на нашиот водич.
💶 Очекувана цена: 55€
Во попладневните часови (околу 18:00h) е предвидена посета на Trastevere — еден од најубавите и најавтентични делови на Рим, особено во вечерните часови кога атмосферата е најмагична.
До Трастевере ќе одите со придружба на нашиот водич користејќи градски превоз. Овој кварт е познат по својата боемска атмосфера, тесните калдрмисани улици, терасите украсени со цвеќе, локалните trattoria ресторани и живиот вечерен амбиент.
Со водичот ќе прошетате низ историските улички исполнети со традиционални продавници, кафулиња и стари римски згради, а ќе ги посетите и познатите плоштади како Piazza di Santa Maria in Trastevere и Piazza Trilussa.
Трастевере е познат и по своите традиционални ресторани каде што можете да уживате во автентични римски специјалитети.
💶 Цена на излетот: 25€ по лице
(во цената е вклучен превоз со градски превоз и придружба од водич)

КРАЈ НА АРАНЖМАНОТ!
✅ Цената вклучува:
- трансфер аеродром–хотел–аеродром во Рим
- повратни авионски билети со аеродромски такси
- багаж од мек материјал – ранец или торба до 10 kg (40x25x20 cm)
(може да биде и со поголеми димензии, важно е да биде флексибилен за да може да собере во калап доколку биде побарано на аеродром) - хотелско сместување на база ноќевање или ноќевање со појадок (по избор на патникот)
- локален водич на македонски јазик
- организациски трошоци
❌ Цената не вклучува:
- факултативни излети и влезници
- индивидуални трошоци на патниците
- локални градски такси (се плаќаат исклучиво на рецепција во хотелот)
- меѓународно патничко и здравствено осигурување (8€)
🔵 НАПОМЕНИ:
- Сите патници се должни да се запознаат со договорената програма на патувањето, условите за плаќање и општите услови на организаторот на патувањето.
- Секој патник е должен самостојно да се информира за правилата и прописите на земјата во која патува.
- Во превозните средства строго е забрането пушење и консумирање опојни средства. Секој патник кој со своето однесување ги вознемирува останатите патници или го попречува работењето на возачите и придружникот, ќе биде исклучен од патувањето без право на жалба или поврат на средства.
- Патникот ќе го прифати седиштето кое ќе му биде доделено од агенцијата. Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, паузите и нивното времетраење. Со уплата на аранжманот, патникот ги прифаќа сите наведени услови без право на приговор или жалба.
- Аранжманот е изработен на база на минимум 30 патници.
- Во случај на недоволен број патници за реализација на аранжманот, организаторот го задржува правото за откажување во законски предвидениот рок.
⚠️ ВАЖНО:
Патните исправи мора да важат најмалку 6 месеци пред планираното враќање од патувањето.