Main Info
🇲🇹 МАЛТА – ГРУПЕН АРАНЖМАН
🇲🇹 МАЛТА – ГРУПЕН АРАНЖМАН
12 – 16 Јануари 2026
Сместување: Bayview Hotel by ST Hotels 3* (Gzira / Sliema)
Услуга: Ноќевање со појадок
Тип на соба: Стандардна двокреветна (можност за трето легло по барање)
⸻
✈️ Летови – Скопје ⇄ Малта
12.01.2026 – Полетување за Малта
Вечерен лет од Скопје. Пристигнување на Малта околу 23:00 часот.
По слетувањето следи трансфер до хотелот и сместување.
16.01.2026 – Враќање кон Скопје
Вечерен лет од Малта. Пристигнување во Скопје по полноќ (00:35 часот).
⸻
🏨 Инфо за хотелот – Bayview Hotel by ST Hotels 3*
Хотел со одлична локација на шеталиштето покрај заливот, на неколку минути од Слиема и со лесен пристап до јавен превоз за Валета и St. Julian’s.
Хотелот располага со:
- Пространи и модерни соби
- Клима, Wi-Fi, приватно купатило
- Rooftop базен со панорамен поглед
- Внатрешен затворен базен
- Фитнес и спа-центар
- Ресторан со медитеранска кујна
⸻
💶 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
330 € по лице
(во двокреветна соба, минимум 2 возрасни лица)
⸻
🗺 Факултативни излети (кратко) – НЕ се задолжителни
Валета – Пешачка тура
Разгледување на главниот град: катедралата Св. Јован, Барака градини, Републик Стрит, пристаништето.
Мдина & Рабат
Посета на поранешната тивка престолнина и средновековниот Рабат со катакомбите.
Остров Гозо
Целодневна тура: Citadel, заливи, природни формации и автентична малтешка атмосфера.
Јужна Малта – Марсашлок & Сината Пештера
Локален рибарски пазар и можност за мини бродче-кон пештерата (зависно од временските услови).
(Сите излети се опционални и се пријавуваат на лице место.)