Main Info

✈ Летови:
20.05.2026 Тирана 17:35h – 20:50h Малага
24.05.2026 Малага 21:35h – 00:50h Тирана
🔸 Хотел: Carmen Teresa 3* 450eur без доручек
Линк до хотелот: https://www.carmenteresa.com/en/
🔸 Хотел: Ms Tropicana 4* 500eur со доручек
Линк до хотелот: https://www.hotelmstropicana.com/
20.05.2026 Пристигнување во Малага
Трансфер од Скопје до Тирана ( времето и местото на поаѓање се прецизираат неколку дена пред патувањето). Полетување за Малага во 17:35 ч, а планирано слетување во 20:50 ч. По пасошката контрола следува организиран трансфер до хотелот и и check-in на патниците.
Ноќевање во хотел.
21.05.2026 Марбеља – Ронда
По појадокот следува излет во Марбеља, познато летувалиште на медитеранскиот брег, со планирано поаѓање во 09:00 часот.
Марбеља е град каде што морето и луксузот се среќаваат на секој чекор. Прошетката низ стариот град ве води низ бели улички украсени со цветни тераси, скриени плоштади и мирис на цветови од портокал. Потоа следува посета на Пуерто Банус – марина од светски ранг, со јахти, бутици и кафулиња покрај самото море.
Марбеља е повеќе од дестинација – таа е чувство. Чувство дека сте на место каде што времето тече побавно, а секој момент вреди да се запамети.
Следува продолжување на патувањето кон Ронда, еден од најпосетуваните градови во Андалузија, оддалечен околу 100 км од Малага. Кога еднаш ќе застанете на мостот Пуенте Нуево, високо над кањонот на реката Гвадалевин, ќе сфатите зошто Ронда е еден од најпосебните градови во Шпанија. Овој спектакуларен град, сместен на карпи високи над 100 метри, нуди погледи кои го одземаат здивот и приказни што траат со векови. Места што задолжително се посетуваат се и арената за корида, најдобро сочуваната арапска бања, палатата на маварскиот крал, градските порти и ѕидини, како и плоштадот Дукеса де Парсент – најсликовитиот градски плоштад. Враќање во хотелот околу 20:00 часот. Ноќевање.
Цена на излетот: 60 €

22.05.2026 СЕВИЉА- бисерот на Андалузија
Главниот град на Андалузија, Севиља, е позната по својата уникатна архитектура, страсниот фламенко и богатата историја. Поаѓање во утринските часови. Во текот на денот се посетуваат најпознатите знаменитости на Севиља, предвиден е панорамски разглед на градот и слободно време за прошетка.
• Катедралата во Севиља и Ла Хиралда – една од најголемите готски катедрали во светот, под заштита на УНЕСКО, со импресивната камбанарија Ла Хиралда, поранешен минарет.
• Кралската палата Алказар – величествен комплекс од палати и градини во маварски и ренесансен стил, каде и денес повремено престојува шпанското кралско семејство.
• Барио де Санта Круз – старата еврејска населба со тесни улички, романтични плоштади и живописни ресторани.
• Плаза де Еспања – спектакуларен плоштад изграден за Ибероамериканската изложба во 1929 година, опкружен со канали и мостови, симбол на шпанската национална гордост.
Очекувана цена на излетот: 70 €

23.05.2026 КОРДОБА и АНТЕКЕРА
Тргнуваме на волшебно патување низ два бисери на Андалузија – Кордоба и Антекера, градови во кои историјата, културата и емоциите се испреплетуваат на секој чекор. Во Кордоба нè пречекува прочуената Мескита, величествена џамија-катедрала украсена со бескрајни лакови во црвено-бели тонови, мирисот на стариот град и тесните улички исполнети со цвеќиња, додека во далечина се протега римскиот мост над реката Гвадалкивир. Секој нејзин детаљ раскажува приказна за средбата на цивилизациите и остава впечаток што се памети со години.
По Кордоба пристигнуваме во шармантната Антекера, срцето на Андалузија – град на бели куќи, барокни цркви и спектакуларни видиковци. Тука времето тече побавно, а атмосферата зрачи со топлината на југот на Шпанија. Тврдината Алказаба, старите калдрмисани улици, локалните мириси и погледите кон планините создаваат доживување што освојува на прв поглед.
Овој излет претставува совршен спој на култура, убавина и инспирација – идеален за патници кои сакаат да ја почувствуваат вистинската душа на Андалузија.
Очекувана цена на излетот: 60 € по лице.

24.05.2026 МАЛАГА – град на сонцето и уметноста
Малага е живописен град на брегот на Коста дел Сол, родното место на Пабло Пикасо и Антонио Бандерас. Позната е по катедралата „Ла Манкита“, маварската тврдина Алказаба и видиковецот Гибралфаро, од каде се отвора прекрасен поглед кон градот и морето. Со својата богата историја и модерното пристаниште Муеле Уно, Малага претставува совршен спој на традиција, култура и медитерански шарм.
По појадокот и пакувањето, следува пешачка тура и разглед на градот во траење од околу 2 часа. Патниците ќе имаат можност да ја запознаат богатата историја и култура на Малага преку најзначајните знаменитости:
• Катедралата „Ла Манкита“ – една од најубавите ренесансни катедрали во Шпанија, позната како „Еднорака дама“, бидејќи вториот камбанарија никогаш не бил завршен.
• Римскиот театар (Teatro Romano) – најстариот споменик во Малага, потекнува од I век и денес претставува еден од симболите на градот.
• Тврдината Алказаба – маварска палата и утврдување од XI век, сместена на рид над градот. Одлично сочувана, нуди уникатно доживување на спојот меѓу исламската архитектура и андалузискиот стил, со фантастичен поглед кон Малага.
• Видиковецот Гибралфаро – стара маварска тврдина од која се отвора панорамски поглед кон цела Малага, пристаништето и морето; најпознатото место за фотографирање во градот.
Цена на излетот: 25 €

✅ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Трансфер Скопје-Тирана-Скопје
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Повратни авионски билети со аеродромски такси
- Рачен багаж од мек материјал
- Ранец или торба до 10 кг (40 × 30 × 20 см)
- Хотелско сместување со појадок
- Локален водич на српски јазик
- Организациски трошоци
❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Факултативни излети и влезници
- Индивидуални трошоци на патниците
- Локални градски такси (се плаќаат исклучиво на рецепција во хотелот)
- Меѓународно патничко и здравствено осигурување (10,00 €)
🔵 НАПОМЕНИ:
- За реализација на патувањето потребно е да се формира група од минимум 20 лица.
- Сите патници се должни да се запознаат со договорената програма на патување, условите за плаќање, визирање и Општите услови за патување на организаторот.
- Секој патник самостојно треба да се информира за пропишаните правила на однесување во земјите во кои патува.
- Во превозните средства строго е забрането пушење и консумирање опојни средства. Секој патник кој со несоодветно однесување ги вознемирува другите патници или го оневозможува работењето на возачите и пратителот, ќе биде отстранет од патувањето и целата одговорност паѓа на него, без право на жалба и поврат на средства.
- Патникот го прифаќа седиштето кое ќе му биде доделено од агенцијата. Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, паузите и нивното траење. Со уплата на аранжманот, патникот ги прифаќа сите горенаведени услови, без право на приговор и жалба.
- Аранжманот е пресметан на база минимум 30 патници.
Во случај на недоволен број патници за реализација на аранжманот, организаторот задржува право на откажување во законски предвидениот рок.
ВАЖНО:
Патните исправи мора да бидат важечки најмалку 6 месеци од датумот на планираното враќање од патувањето!