Main Info
Малта – сонце среде зима
05 – 08 февруари 2027 · Самостојно патување · Директен лет од Скопје со Wizz Air · Хотел Novotel 4★ со доручек, кафе покрај море и пролетно време додека кај нас е зима.
Викенд на сонце, три дена уживање
Додека во Македонија е студено и сиво, Малта ве пречекува со пролетни температури, сино море и шеталишта полни со кафулиња. Совршен краток одмор – без брзање, со одличен хотел и море пред вас.
Кафе покрај море
Шеталиштето во Слиема и Ѓжира е долго неколку километри – кафулиња, ресторани и поглед кон Валета на секој чекор.
Валета – град-музеј
Престолнина под заштита на UNESCO, со шарени балкони, тврдини на витезите и најубавиот поглед од градините Горна Барака.
Нов хотел со базени
Novotel Malta Sliema е отворен во 2025 – со панорамски infinity базен на покривот и загреан затворен базен. Одмор и кога ќе дувне ветер.
Директно, без преседнување
Времињата се локални. И Малта и Македонија се во иста временска зона.
Ден по ден
Патувате самостојно – без водич и без групна програма. Три полни дена на Малта по ваш ритам, а ова е нашиот предлог како најубаво да ги искористите.
Полетување кон Медитеранот
Директен лет со Wizz Air од Скопје во 13:10, пристигнување на Малта во 15:00.
По слетувањето, во салата за пристигнување ве чека возач со табла со вашето име и ве носи директно до хотелот Novotel Malta Sliema 4★ во Ѓжира, на неколку минути од морето. Сместување, а потоа прва прошетка по шеталиштето и зајдисонце над Валета. Ноќевање.
- Скопје
- Возач на аеродром
- Novotel Malta Sliema

Валета – престолнината на витезите
Доручек во хотелот. Од Слиема до Валета има брод што плови само неколку минути преку пристаништето – најубавиот начин да стигнете во градот.
Прошетка низ улиците со шарените малтешки балкони, катедралата Св. Јован, градините Горна Барака со поглед на Големото пристаниште и пукањето од топовите на Saluting Battery. Навечер вечера покрај море во Слиема. Ноќевање.
- Брод Слиема – Валета
- Горна Барака
- Катедрала Св. Јован
- Големото пристаниште
Марсашлок и Сината пештера
Доручек. Недела е денот за рибарското село Марсашлок – шарените чамци „лузу“ и познатиот недален пазар покрај пристаништето, со свежа риба и малтешки специјалитети.
Попладне по желба до Сината пештера (Blue Grotto) на јужниот брег, до Мдина – средновековниот „тивок град“ на врв на рид – или релаксација во спа центарот и базените на хотелот. Ноќевање.
- Марсашлок
- Неделен пазар
- Blue Grotto
- Мдина
Последно кафе покрај море
Доручек и одјавување од хотелот. Утринска прошетка по шеталиштето и последно кафе покрај море во Слиема.
Околу пладне возачот ве зема од хотелот и ве вози до аеродромот. Лет во 15:35, пристигнување во Скопје во 17:15.
- Шеталиште Слиема
- Возач до аеродром
- Лет за Скопје
Деновите на Малта се слободни – програмата е наш предлог. Посетите и влезниците не се вклучени во цената.
Novotel Malta Sliema 4★
Нов, модерен хотел во Ѓжира, на шеталиштето меѓу Слиема и Валета – 3 ноќевања со доручек.
Infinity базен на покривот · 37 m
Поглед кон морето
Поглед кон Слиема
Брачен кревет
Дел за седење
Модерна соба
БањаЛокација
На неколку минути пешки од шеталиштето покрај морето, кафулињата и бродот за Валета. Околу 20 минути возење од аеродромот.
Два базени и спа
Панорамски infinity базен од 37 m на покривот со ѓакузи, бар и поглед кон Валета, и загреан затворен базен за зимските денови. Спа и фитнес.
Доручек и ресторан
Богат бифе доручек секое утро, ресторан и бар во хотелот, бесплатен Wi-Fi.
Сè јасно, без изненадувања
Вклучено во цената
- Повратен директен лет Скопје – Малта – Скопје со аеродромски такси
- Мал рачен багаж до 10 kg (40×30×20 cm)
- 3 ноќевања со доручек во хотел Novotel Malta Sliema 4★
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром (возачот ве чека со табла со вашето име)
- Организациски трошоци
Не е вклучено
- Еко-такса на Малта (се плаќа на рецепција во хотелот)
- Патничко здравствено осигурување
- Посети, влезници и локален превоз (брод до Валета, автобуси)
- Избор на седиште во авионот – доплата по цена на Wizz Air
- WIZZ Priority – голем рачен багаж (тролеј до 10 kg) + приоритетно качување – доплата по цена на Wizz Air
- Чекиран багаж 10 kg или 20 kg – доплата по цена на Wizz Air (цената ја потврдуваме при резервација)
- Водич и придружник – патувањето е самостојно
- Лични трошоци
Валета навечер
Сент Џулијанс
Улиците на ВалетаОбезбедете го вашето место за 249 €
Бројот на места по оваа цена е ограничен. Јавете ни се или пишете ни – ќе ви го потврдиме местото веднаш.
Начин на плаќање
Доплатите за багаж и седиште се плаќаат при резервација.
Што треба да знаете
Какви документи ми требаат?
Потребен е биометриски пасош што важи најмалку 6 месеци од датумот на враќање. Малта е членка на ЕУ и Шенген – ќе ве известиме навремено за евентуални нови правила за влез во ЕУ.
Дали има водич или придружник?
Не – патувањето е самостојно. На аеродромот во Малта ве чека возач со табла со вашето име и ве носи до хотелот, а на последниот ден ве зема од хотелот и ве вози до аеродромот. Деновите на Малта се целосно ваши.
Какво е времето во февруари?
Благо и пријатно – дневни температури околу 15–16 °C, со многу сончеви часови. Навечер покрај море е посвежо и може да дувне ветер, па понесете лесна јакна.
Колку багаж смеам да носам?
Во цената е вклучен мал рачен багаж до 10 kg (40×30×20 cm). Поголем рачен куфер или чекиран багаж може да се доплати – прашајте нè при резервација.
Што е практично да знам за Малта?
Валутата е евро, а англискиот е службен јазик. Штекерите се британски (тип G) – понесете адаптер. Возилата се движат од левата страна на патот.
Општи услови
- Сите патници се должни да се запознаат со договорената програма на патувањето, условите за плаќање и Општите услови за патување на организаторот на патувањето.
- Сите патници се должни сами да се запознаат со пропишаните правила на однесување во земјите во кои патуваат.
- Во превозните средства најстрого е забрането пушење и консумирање опојни средства. Секој патник што со своето несоодветно однесување ги вознемирува другите патници, веднаш ќе биде исклучен од патувањето и целата одговорност преминува на него, без право на жалба и враќање на парите.
- Во исклучителни случаи агенцијата го задржува правото да го замени хотелот со хотел од иста категорија и слична локација, за што патниците ќе бидат навремено известени.
Фотографии: Wikimedia Commons (CC BY / CC BY-SA). · Туристичка агенција Кондор · kondorworld-mk.com
Early booking