Main Info
Малта – твојата следна медитеранска авантура
Поаѓање – 06.11.2026
Скопје 13:10 → Малта 15:00
Враќање – 09.11.2026
Малта 15:35 → Скопје 17:15
Сместување
Blubay Apartments 3★
Одлична локација и удобни апартмани за пријатен престој на Малта.
Цена: 269€ без појадок
Bayview Hotel 3★
Хотел со одлична локација и вклучен појадок.
Цена: 299€ со појадок
Резервирајте навреме и уживајте во четиридневно патување на прекрасната Малта!
Линк до хотелот: https://sthotelsmalta.com/siteminder/bayview-hotel/
06.11. – Излет: Валета и Three Cities (култура + историја)
Прв ден – Пристигнување и разглед на Валета
По слетувањето на Малта следува организиран трансфер до хотелот и сместување. Потоа се упатуваме кон Валета, каде што ќе уживаме во еден од најубавите зајдисонца на Медитеранот.
Разгледот започнува со прошетка низ главниот град – вистински музеј под отворено небо, исполнет со историја, архитектура и приказни за малтешките витези.
Предвидена е посета на:
- St. John’s Co-Cathedral, каде што се наоѓаат познатите ремек-дела на Караваџо;
- Upper Barrakka Gardens, од каде што се отвора прекрасен панорамски поглед;
- Најзначајните знаменитости во историскиот центар на Валета.
Во текот на прошетката ќе го почувствувате духот на витезите и богатото наследство старо повеќе од 500 години.
Времетраење на разгледот: околу 4 часа.
Цена: 30€ по лице

07.11– Mdina, Raba, Dingli Cliffs и Popeye Village (целодневна тура)
07.11 – Мдина, Рабат, карпите Дингли и селото на Попај
Целодневна копнена тура
По појадокот во хотелот следува целодневен излет до четири прекрасни локации на Малта: Мдина, Рабат, карпите Дингли и селото на Попај. Тура исполнета со богата историја, прекрасна природа и малку магија.
Мдина – Тивката престолнина
Нашата авантура започнува во волшебната Мдина – старата престолнина на Малта, позната и како „Тивкиот град“.
Без автомобили и градска врева, тука ќе откриете тесни камени улички, прекрасни барокни палати и панорамски погледи што се протегаат низ целиот остров. Во Мдина времето како да запрело, а нејзината атмосфера потсетува на сцена од серијата „Game of Thrones“, чии делови се снимени токму овде.
Рабат – подземна историја и локален шарм
Веднаш до Мдина се наоѓа Рабат – град со богата историја и автентичен малтешки дух.
Ќе ги посетиме катакомбите на Свети Павле и ќе се запознаеме со историјата на раното христијанство на Малта. За време на паузата ќе имате можност да уживате во локалната атмосфера и во вистинско малтешко еспресо.
Карпите Дингли – највисоката точка на Малта
Патувањето продолжува кон спектакуларните карпи Дингли, кои се издигнуваат над Средоземното Море и претставуваат една од највпечатливите природни знаменитости на островот.
Бескрајното синило, свежиот морски воздух и прекрасните панорамски погледи го прават ова место совршено за одмор и незаборавни фотографии.
Popeye Village – бајковитото село на Попај
За крај го посетуваме шарениот свет од детството – селото на Попај.
Оригинално изградено како филмски сет за мјузиклот „Popeye“ од 1980 година, денес селото е претворено во живописен тематски парк. Шарени дрвени куќички, бродови, прекрасно море и весела атмосфера ве очекуваат на ова уникатно место.
Цена на излетот: 65€ по лице
Во цената е вклучен влезниот билет за Popeye Village.

Напомена: Планот на програмата и излетите е подложен на промени и зависи од бројот на пријавени. Најдоцна 7 дена пред патувањето ќе биде објавена финалната програма со прецизни термини и план на разгледувања по денови.

08.11. – Автентична Малта / Virgo, Marsaxlokk и Blue Grotto

Овој ден е посветен на вистинската Малта.
Virgo
Овој ден е резервиран за откривање на автентичниот дух на Малта преку посета на нејзините најпознати и најшармантни села. Прва станица е Virgo, живописно село познато по својата традиционална архитектура и мирна медитеранска атмосфера. По кратка пауза за кафе, продолжуваме кон Marsaxlokk
Marsaxlokk
Познатото рибарско село чии шарени чамци luzzu се еден од најпознатите симболи на Малта. Тука ќе направиме пауза за ручек и ќе уживаме во погледот кон пристаништето. По обиколката на селото, тргнуваме на крстарење до познатата Blue Grotto
Blue Grotto
Импресивни морски пештери познати по тиркизно сината боја на морето. Идеална прилика за фотографии и доживување што се памети.
Цена: 50€
Крстарење со Blue Grotto дополнително 12 €
Забелешка: Цената на екскурзијата, во зависност од бројот на регистрирани патници, може да варира од 5 до 10 €

09.11. – Враќање
По завршување на програмата следи трансфер до аеродромот во Малта
Директен лет Малта– Скопје: 15:35ч предвидено време за летот
Сè што ви останува се спомени, а сè останато е веќе организирано.
КРАЈ НА ПРОГРАМАТА.


✅ Цената вклучува:
- Трансфер аеродром Малта – хотел – аеродром
- Повратни авионски карти со аеродромски такси
- Рачен багаж од мек материјал – ранец или торба до 10 kg, 40x30x20 cm
(може да биде и со малку поголеми димензии, доколку е флексибилен и може да се смести во калап на аеродромот) - Хотелско сместување ноќевање со појадок
- Локален водич на србски или македонски јазик што ке ве чекан излезот во Малта на Аеродром.Контакт и вибер Група со водичот се прави 1-2 дена пред тргање.
- Организациони трошоци
❌ Цената не вклучува:
- Факултативни излети и влезници
- Индивидуални трошоци на патниците
- Локални градски такси (се плаќаат на рецепција во хотелот)
- Меѓународно патничко и здравствено осигурување – 8 € (задолжително)
🔵 НАПОМЕНИ:
- Сите патници се должни да се запознаат со договорената програма на патување, условите за плаќање, визирање и Општите услови за патување на организаторот.
- Секој патник самостојно треба да се информира за пропишаните правила на однесување во земјите во кои патува.
- Во превозните средства строго е забрането пушење и консумирање опојни средства. Секој патник кој со несоодветно однесување ги вознемирува другите патници или го оневозможува работењето на возачите и пратителот, ќе биде отстранет од патувањето и целата одговорност паѓа на него, без право на жалба и поврат на средства.
- Патникот го прифаќа седиштето кое ќе му биде доделено од агенцијата. Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, паузите и нивното траење. Со уплата на аранжманот, патникот ги прифаќа сите горенаведени услови, без право на приговор и жалба.
- Аранжманот е пресметан на база минимум 30 патници.
Во случај на недоволен број патници за реализација на аранжманот, организаторот задржува право на откажување во законски предвидениот рок.
ВАЖНО:
Патните исправи мора да бидат важечки најмалку 6 месеци од датумот на планираното враќање од патувањето!